Фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

1307

Тие се првите бебиња родени во новата година и иако тоа не мора да значи дека се најдобри, сепак, овие зимски деца имаат предиспозиции да станат славни и успешни во животот.

Прочитајте ги следниве 7 необични, но фасцинантни факти за луѓето родени во јануари…

Постои голема веројатност дека ќе станат доктори

Ако сакате да имате доктор во семејството и очекувате детето да биде родено во јануари, тогаш најверојатно желбата ќе ви се исполни. Според статистичките податоци во Велика Британија, кај луѓето кои се родени во јануари постојат големи шанси дека ќе станат доктори.

Нивниот скапоцен камен според месецот на раѓање е гранат

Иако овој скапоцен камен најчесто се јавува во црвена боја, сепак може да се најде и во многу други нијанси. Дали сте знаеле дека порано гранатите се користеле во медицинската терапија за заштита од кошмари? Секако дека не постојат научни докази за ефективноста на овој лек, но нема да изгубите ништо доколку ставите гранат покрај вашиот кревет.

Во хороскоп се или Јарци или Водолии

Јарците се многу трпеливи, амбициозни и лојални. Од друга страна, пак, Водолиите се независни, паметни и креативни. Со други зборови, и двата хороскопски знака се одлично друштво!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2