Постојат големи шанси дека ќе станат славни
Зошто да бидат доктори кога можат да бидат познати ѕвезди?! Според едно неодамнешно истражување, славните луѓе најчесто се родени во знакот Водолија.
Склони се на алергии на храна
Иако гените играа голема улога кога станува збор за алергии, некои истражувања откриле дека повеќето деца кои биле алергични на некаква храна биле родени во зима. Сѐ уште не е откриена точната причина на ова, но научниците претпоставуваат дека тоа се должи на идните мајки и нивната намалена изложеност на витаминот Д.
Нивниот цвет според месецот на раѓање е каранфил
Сакате да го изненадите вашиот пријател роден во јануари со совршен букет? Нема да погрешите доколку одберете каранфили! Розовите каранфили симболизираат приврзаност, а црвените љубов.
Многу успешни личности се родени во јануари
Бебињата родени во јануари го делат нивниот роденден со многу интересни луѓе, меѓу кои се Кејт Мидлтон, Елен Деџенерис и Опра.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















