Alepisaurus | Риба-монструм фатена во водите на Далечниот Исток на Русија | Фото

1852
Allen Shimada, NOAA NMFS OST

Вработените во природниот резерват „Командорски“ пронајдоа на брегот на Беринговиот остров вистинско морско чудовиште со уста полна со долги и остри заби. Алеписаурусот достигнува должина до 215 см!

Видот е првпат опишан 1741 година од страна на учесникот на Втората камчатската експедиција Георг Стелер. Името алеписаурус (Alepisaurus ferox) го добива 1811 година, откако видот е проучен од познатиот истражувач на фауната на далекоисточните мориња Петар Палас.

Михаил Вакуров / ФГБУ Государственный природный биосферный заповедник «Командорский» имени С.В. Маракова

Рибата достигнува должина од 215 см, тежина до 9 кг, има заби долги 3 см и висока грбна перка. Брза е, силна, благодарение на сплоснатото витко тело и тесната издолжена глава.

Преку лето може да се сретне во водите на Далечниот Исток на Русија, иако нејзиното живеалиште се морињата во тропската и суптропската клима, меѓутоа алеписаурусите пливаат и далеку на север, до Гренланд, Исланд и Беринговото море.

Михаил Вакуров / ФГБУ Государственный природный биосферный заповедник «Командорский» имени С.В. Маракова

Познато е дека алеписаурусот јаде риби од својот вид, односно тоа е риба-канибал, дека е хермафродит и дека обично може да се најде на длабочина од 1000 метри. Во далекоисточните води Русија, според процената на научниците, има околу половина милион алеписауруси.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.