Ако зачините не постоеја, храната ќе беше доста подосадна и неособено примамлива.
Но, и ако сакате да се разделите со некој непотребен килограм, само треба да ги вложувате потребните напори.
Што се однесува до храната – треба да консумирате здрави производи и да го збогатувате вашиот појадок, попладне и навечер со соодветни зачини.
Бибер во зрно
Тој кој ќе додаде бибер, додава пријатен вкус на секое јадење. Важно е сепак црниот пипер да биде свежо мелен, за да се чувствува подобро мирисот. Во случај да немате посебна мелница за бибер, може да користите мелница за кафе.Откако еднаш мелениот црн пипер ќе го замените со свежо мелените зрна, сами ќе ја почуствувате разликата.
Кардамон
Зачин, која личи на црн пипер, но има мала арома од ментол. Кардамон може да додадете во десерти и / или слатка храна за појадок, а на тој начин ќе додадете егзотичен вкус на храната.
Чили во прав
Лесен начин да излезете од колосекот на досадното готвење.Избирајте чили во прав, што е малку зачинето, непреработено и без додаден шеќер. Откако еднаш ќе почнете да конзумирате “полесно” чили во прав, постепено преминувајте на полуто. Како што знаете, зачинетата храна го забрзува метаболизмот, па вреди да се обидете.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















