Ако сакате да живеете подолго, јадете помалку!

1725

Ако храната е наше гориво за да можеме да функционираме добро и квалитетно секој ден и да ја завршиме целата работа што е можно поефикасно, мора исто така да бидеме внимателни како се храниме. Што внесувате во организмот и дали сте доволно хидрирани?

Погледнете како изгледа вашиот ден од агол на консумација на храната и внесот на течности.

Се разбира, и тоа е важно. Но, дали храната што ја внесувате е природна, т.е. здрава балансирана со витамини и минерали, бидејќи на тој начин ќе ги одржуваме здравјето и виталноста, што е секако важно за долговечноста. Покрај тоа, што јадеме важно е и колку јадеме. Истражувањата сè повеќе покажуваат и докажуваат дека количината на храна игра многу важна улога за нашето здравје, како и за нашата долговечност.

Месото дефинитивно треба да се консумира во умерени количини од проверени извори, по можност од тревопасни животни, бидејќи денешното месо е полно со хормони, а животните се чуваат во сосема различни и нездрави услови отколку што тие се чувале во времето на нашите баби и дедовци. Имено, истражувањата покажале дека оние луѓе кои живеат подолго имаат богата исхрана, т.е. разновидна која е домашна. Значи, тие јаделе овошје и зеленчук, јаткасти плодови што сами ги одгледувале или купувале храна од животинско потекло од контролирано одгледување. Нивната исхрана била богата со хранливи материи. Исто така, исхраната била без рафинираниот шеќер и преработени производи.

Јадете масна риба, бидејќи омега-3 масните киселини од морските риби ќе имаат добар ефект врз целокупното здравје. Имено, студија спроведена на Државниот универзитет во Охајо открива дека омега-3 масните киселини значително ги намалуваат воспалителните процеси во организмот. Оваа состојба е поврзана со сите здравствени нарушувања во телото (од алергии до тумори).

Исхраната мора да биде богата со растителни влакна и витамини. Секој ден имајте овошје и зеленчук на вашето мени, како и житарки од цело зрно, доколку толерирате цели зрна. Обрнете внимание дури и на квалитетот на лебот што го јадете. Јадете ореви секој ден. Можете да ги замените и да ги користите како здрави закуски. Но, исто така, мора да бидете внимателни со нив во однос на квантитетот (бидејќи секое претерување може да биде штетно). Еден грст е довлна дневна количина. На Универзитетот во Харвард, дури две научни студии го потврдуваат откритието дека оревите што редовно се консумираат, т.е. кои се вклучени во редовната исхрана кај луѓето го намалуваат ризикот од предвремена смрт.

Во последниве години ја добивме и веста за големото откритие на јапонскиот научник Јошинори Осуми, кој ја доби Нобеловата награда во 2016. година за откривање на феноменот на АФТОФАГИЈА. Автофагијата е процес на само-заздравување кој се нарекува и еликсир на младоста (иако буквалниот превод на овој термин значи „да се јадеш себеси“). Овој процес на излекување, а пред се спречување на разни нарушувања во организмот и болести, е многу корисен за целиот организам. Во телото, автофагијата го користи процесот на рециклирање на насобраните токсини од ткивата и клетките, каде доаѓа до само-детоксикација. Така, здравите клетки рециклираат оштетени, стари и заболени клетки, како и микроорганизми. Кога лошите клетки се самоуништуваат, тогаш започнува процесот на лачење на хормонот за раст (создавање) на нови клетки, подмладување. Тогаш во организмот се зголемува вкупната животна енергија за секојдневно функционирање.

Она што, исто така можеме да го видиме како помагање на потенцијалната долговечност е важноста и присуството низ вековите на феноменот наречен пост. Исто како што постои пост со религиозен карактер (а во исто време тој треба да има превентивно влијание врз здравјето), така постојат и здравствени пости кои се користат за разни намени за закрепнување или заздравување на пациентот.

Затоа, јадете плански, свесно, и избалансирана храна што ќе го подобри и одржува здравиот, а со тоа и долгот живот, со својот квалитет и квантитет.