Лосос, протеини и кељ – знаеме дека овие производи се незаменлив дел од менито на диетолозите. Но, што никогаш нема да видиме во нивните чинии?
Еве 6 работи, кои се наведува дека се корисни, а тие секогаш ги избегнуваат:
Овошен јогурт
Земете чисто кисело млеко и потоа додадете му природен засладувач, семиња и лешници. Не земајте од продавниците готовите овошни јогурти затоа што тие се полни со шеќер. Некои имаат толку шеќер колку и една крофна.
Растителни чипсови
Диетолозите стојат далеку и од зеленчуковите чипсови. Ако сакате да јадете чипс од зеленчук, подобро направете го сами. Едноставно исечето го зеленчукот на тенки резанки и еден час сушете го во рерна на 100 степени.
Диетален путер од кикирики
Диеталниот путер од кикирики најчесто имаат помалку калории и масти. Тоа, сепак, не ги прави корисни, бидејќи се полни со хемија. Диетолозите секогаш купуваат вистински производи.
Подготвени преливи за салати
Тие се полни со обработени и хидрогенизирани масти, шеќер, фруктозен сируп и бои. Во нив нема ништо природно. Подобро направете си сами со маслиново масло, лимон, морска сол, зачини.
Пченкарен леб
Тој е полн со подобрувачи и конзерванси. Покрај тоа гликемискиот индекс му е 70 и шекерот во крвен се зголемува од него.
Свежо цедени сокови
Иако содржат многу витамини, процентот на шеќер во нив е премногу висок. Покрај тоа влакната од плодовите се уништуваат. И последно: телото не може да апсорбира одеднаш толку многу витамини и минерали.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















