Пингвините целиот живот го поминуваа трагајќи по својот идеален партнер, а кога ќе го најдат, остатокот од својот живот го поминуваат единствено покрај него.
Пингвините се група водни, нелетачки птици, кои живеат речиси исклучиво на Јужната хемисфера, но мал број од нив ги има и на Антартикот, а и во потоплите предели како што е Галапагос на Екваторот.
Повеќето пингвини се хранат со ракчиња, риби и лигњи, како и со други форми на морски животни кои ги ловат додека нуркаат. Тие минуваат приближно половина од времето на суво, а половина во вода.
Овие необични птици се многу добро адаптирани и прилагодени на водениот живот.
Крилјата им еволуирале во перки, кои не ги користат за летање во воздухот, туку за нуркање под водата.
Доколку имате можност да ги набљудувате како ја вршат својата секојдневна активност, ќе ви се чини дека тие всушност летаат под водната површина.
Сите пингвини се двобојни, одзади се црни, а однапред бели. Тоа им ја обезбедува потребната камуфлажа кога сакаат да се заштитат од водните предатори. Додека пливаат, гледани одоздола белата боја се претопува со одблесокот од површината, а одозгора црната боја се претопува со темното дно.
Она што е особено интересно за пингвините е тоа што целиот живот го поминуваа трагајќи по својот идеален партнер, а кога ќе го најдат, остатокот од својот живот го поминуваат единствено покрај него. Обично секоја година снесуваат по едно јајце.
Се чини дека пингвините немаат некој особен страв од луѓето и слободно им приоѓаат на истражувачите. Најголем природен непријател на пингвините се леопард-фоките и други морски грабливци.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















