Населението на Земјата старее опасно

1304

Бројот на луѓето на возраст од 65 и повеќе години се очекува да се зголеми повеќе од двојно до 2050 година, покажа истражувањето на САД, цитирано од АФП.

Населението на Земјата старее со невидена брзина од 8,5 отсто – или повеќе од 600 милиони, сега се на возраст од 65 и повеќе години, се вели во извештај на американското Биро за попис.

Ако овој тренд продолжи, до 2050 година речиси 17% од населението во светот, или 1,6 милијарди луѓе, ќе бидат на возраст над 65 г. “Луѓето живеат подолго, но тоа не мора да значи дека тие се здрави”, рече Ричард Ходес, директор на Националниот институт за стареење на населението (NIA), која го нарачала истражувањето “Еден стареечки свет: 2015”

“Зголемувањето на постарото население претставува многу можности, а исто така и неколку предизвици за јавното здравје, за кои ние треба да се подготвиме. “NIA учествува во пописот, за да се обезбеди најдобра можна база на податоци, така што можеме да ги разбереме подобро и на време и последиците од стареењето на населението”, се вели во извештајот.

До 2050 година глобалниот животен век се очекува да се зголеми речиси за осум години, од 68,6 години во 2015 година до 76,2 години, се вели во студијата. Населението од стари луѓе – на возраст од 80 и повеќе години – се очекува да е тројно поголемо во периодот меѓу 2015 и 2050 година, имено од 126 500 000 ќе се зголеми на 446 600 000.