Чекор кон успешна регенерација на забите

1810

Јапонски тим измислил метод за повеќекратното растење на заби од еден корен. Откритието е чекор кон регенерацијата на заби, информира Tech Times.

Во објавеното истражување во весникот Nature, научниците од Медицинскиот и Стоматолошкиот Универзитетот во Токио и од институтот RIKEN посочуваат дека “технологијата за регенерација на забите е базирана на поделба на забните никулци” и одделување на зона за формирање на заб со примена на механичка сила.

Тоа значи дека методот се базира на промена на функцијата на забниот повој.

Забниот микроб е минијатурен зачеток во коренот, кој преку протеини пренесува инструкции кон клетките, за да се групираат и формираат заби.

Научниците ги извадиле забните никулци од глувци и ги разделиле, користејќи обична пластична нишка, за да го контролираат начинот на регенерација. Во рамките на експериментот тимот успеал да одгледа група од здрави заби.

Засега техниката ја докажала ефикасноста само при тестови врз животни.

Постигнувањето сепак е ветувачко и има потенцијал радикално да го промени стоматологијата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.