Бела лага која ќе го направи брачниот секс пожежок

1671

Една од најдобрите страни на брачниот секс е дека знаете како да се возбудите и да предизвикате оргазам кај партнерот. Кај венчаните парови сепак монотонијата во текот на годините доведува до една рутина и навика, кои со текот на времето можат да доведат до неверство.

Дури и да ги знаете сите и специјални точки, ако е досадно, сексот за неа веќе не е толку пријатно искуство. Најлошото нешто е што повеќето парови не зборуваат за сексот меѓу себе, тврди сексологот Кристен Марк од Универзитетот во Кентаки.

“Дури и да сте со некого со години, разговорот за секс може да биде многу непријатен, бидејќи покажува еден ранлив дел од вашата природа. Особено ако сакате да пробате нешто ново.“, призна Марк.

Кристен сепак има една идеја која може да им помогне на брачните двојки да се прошири нивниот сексуален живот без да чувствуваат срам или непријатност. Што да направите?

Кажете ѝ на сопругата дека сте имале многу див и луд еротски сон и раскажете ја својата фантазија, која божем сте ја сонувале. Ако таа не реагира особено позитивно, може заедно да се откажете од оваа идеја. Но, има и голема веројатност да се инспирира и уште истата вечер да ја пробате приказната.

“Многу полесно е во овој контекст да кажете: ”Сакаш ли да пробаме?“. И откако еднаш ќе почнете да зборувате за вашите сексуални желби, може и таа да се отвори кон вас на оваа тема и да ги сподели своите фантазии“, објасни Марк.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.