Жените треба да замрзнуваат јајце клетки од 35-тата годишнина и да создадат семејство порано, бидејќи нивните шанси за зачнување се намалуваат значително по 38 година, предупредија научниците.
Главниот истражувач д-р Марта Девес го претстави извештајот на годишната конференција за човечка репродукција во Лисабон и ги повика жените да замрзнуваат јајце клетки, ако немаат деца до 35-тата годишнина. По 44 годишна возраст жените не треба да користат сопствени јајцеклетки за ин витро оплодување, предупреди експертот.
“Жените треба да бидат охрабрени да имаат семејства порано, но ако општеството не може да се промени, тогаш ние треба да ги охрабруваме да ги замрзнуваат своите јајце клетки до 35-тиот роденден“, цитираше Индипендент.
Студијата анализира речиси 4.200 жени на возраст меѓу 38 и 44, кои биле подложени на ин витро оплодување.
Способноста за зачнување кај жените на 38-39 година се намали до 24 проценти, кај 40-годишните до 15 проценти, а кај 42-43- годишните до 6,6 проценти. Кај жените на 44 години шансата се намалува до 1,3%.



















