Колекцијата со адренохром е најпрофитабилниот бизнис во светот, кој носи многу повеќе пари отколку продажбата на органи.
Во ера на овие големи турбуленции во светот, теоретичарите на заговор како Дејвид Ајк повторно стануваат премногу популарни, а многу цитати од писателите на ваквите книги се ставаат во нов контекст и се интерпретираат во сосема различни сценарија за „крај на човештвото”, „сатанизација“ и слични луди теории кои произлегуваат од неукоста и приливот на лажните вести.
Бидејќи сега повеќето работи ги разгледуваме низ призмата на корона пандемијата, многу работи се ставаат токму во контекст на коронакризата. Сепак, мора да се истакне дека теориите на заговор се многу присутни деновиве во интернет-сферата, така што мора да внимавате да не ја преминете границата на љубопитноста и да западнете во анксиозност поради озогласените теории кои немаат фактолошка поддршка.
Кога станува збор за светската елита, повторно е актуелна темата за сатанизмот и сатанистичките ритуали, а како предводник на овие озолгасени „групи“ многу често се издвојува светски познатата Србинка, концептуалната уметница Марина Абрамовиќ.
Ексентричната природа на Абрамовиќ е добропозната на светската јавност, таа има голема публика и има изложувано во најбитните и најценетите уметнички простори ширум светот. Дека дел од Балканот не може да го прифати автентичниот начин на кој Абрамовиќ се изразува докажува фактот што за некои од нејзините несекојдневни забави, кои таа тематски ги нарекува „спирутуално готвење“, а на кои доаѓаа најпознатите личности од светскиот џет-сет: од филмски ѕвезди до пејачи, бизнисмени и политичари, повторно се „жариште“ за нови теории на заговор.
„Просветителите“ и љубителите на конспирации тврдат дека токму на нејзините и слични забави, каде присуствува холивудскиот џет-сет, гостите се дрогираат со најскапата дрога во светот – адренохром, а се пишува и дека ваквата дрога се добива на морничав начин.
Што е всушност адренохром?
Хемиското соединение адренохром е предмет на многу теории на заговор, а дали е тоа поради теоретирачите на заговор како Алекс Џоунс, кој поради материјалот што го споделиваше на социјалните медиуми добу буквален бан од интернет-сферата, многумина веруваат дека зад оваа хемикалија стои трговијата со деца.
Во популарната култура се споменува во филмот Параноја во Лас Вегас, а порталот infomediabalkan изнесе една од најмрачните теории на заговор.
Адренохромот е всушност хемиско соединение со молекуларна формула C₉H₉NO₃ произведено со оксидација на адреналин. Тоа е најскапата дрога која ја користи елитата.
Ефектите и класификацијата на адренохромите се вели дека се контроверзни, бидејќи е дискутабилно дали тие имаат некакви психоактивни или халуциногени ефекти, иако некои испитаници го споредиле искуството на аденохромот со благо искуство на психоцибин и ЛСД, а кокаинот е шега во споредба со аденохромот.
Синтетичките и природните адренохроми не се исти; синтетичките го немаат тоа дејство; тоа е исто како да споредите пластична кукла со жива жена.
Психоактивните ефекти на адренохромите можат да вклучуваат еуфорија, збунетост, промена на мислење, недостаток на проценка, слаб вид и неможност за концентрирање, а најважниот ефект поради кој го користи елитата е очигледна моќ и чувство на бесконечна супериорност над другите.
Во научна смисла, тоа е хемикалија која се произведува во човечкото тело кога се оксидира адреналин (познат и како епинефрин).
Потенцијалната жртва, односно децата се тероризирани, со што се зголемува стравот, а со тоа и количината на адреналин што тече низ нивните тела. Потоа се убиваат и адренохомот се собира со игла и шприц од вратот и ‘рбетниот столб. (Колку е помало детето, толку е поквалитетен адренохромот).
Оваа хемикалија на црниот пазар чини стотици илјади долари.
Ова е еден од одговорите на прашањето каде исчезнуваат децата ширум светот.
Колекцијата на адренохром е најпрофитабилниот бизнис во светот и носи многу повеќе пари отколку продажбата на органи.
Список и број на деца на годишно ниво кои исчезнуваат
- Америка 800.000
- Австралија 25.000
- Бразил 40.000
- Англија 230.000
- Франција 39.000
- Канада 50.000
- Мексико 45.000
- Германија 100.000
- Шпанија 200.000
Додека бројките за исчезнатите деца се вистинити, за ништо од горенаведеното не може да се каже дека е вистина се додека за истото не се произнесат цврсти докази. Дека Марина Абрамовиќ негува невообичаено уметничко изразување е вистина, но засега не постојат докази против неа кои прикажуваат дека уметницата е поврзана со каква било активност која вклучува трговија или дрогирање деца. Исто така, автентичноста на Марина Абрамовиќ ја вивна меѓу најконтроверзните и најуникатните современи уметници на нашето време, а различноста, особено кога не е „лесна“ за секојдневната човечката перцепција, станува лесна мета на критика.



















