Лесната достапност на медот на пазарот го доведува во прашање неговиот квалитет. Затоа од голема важност е да се знае разликата помеѓу лажниот и вистинскиот, природен мед.
Еве како да препознаете вистински мед!
1.Читајте го составот на задниот дел од теглата
Ова е првиот чекор во изборот на високо-квалитетен, чист мед, кој не содржи адитиви. Производителот мора да го наведе составот на медот.
2. Природниот мед не е леплив
Тестирајте го така што ќе земете малку мед меѓу прстите. Ако е природен, тој ќе се впие во кожата. Ако станува леплив со триење, ќе знаете дека медот содржи шеќер или вештачки засладувачи.
3. Ставете неколку лажички мед во чаша, а потоа се загрејте на висока температура во микробранова печка. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенест и полн со меурчиња.
4.Ставете неколку капки мед на хартиен бришач за раце. Ако медот по некое време не ја пробие хартијата, значи дека е чист. Додека, ако содржи вода, ќе ја пробие хартијата за само неколку секунди.
5. Вода измешана со мед е најлесниот индикатор за составот на медот.Лажниот мед ќе почне да се топи, додека природниот ќе се згрутчи и ќе падне на дното од садот.
6. Намачкајте мед на парче леб. Доколку медот е чист лебот под него ќе стане тврд, а ако содржи вода лебот ќе се навлажни и ќе омекне.
7. Измешајте малку мед со жолчка од јајце. Ако медот е чист смесата ќе се соедини и ќе изгледа како да е варена на пареа.
8. Чистиот мед се кристализира, а лажниот и по долго стоење се задржува течен како сируп.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















