Кобри „окупираа“ училиште

1672

Голем број кобри, кои за време на обилните дождови и невремето, „окупираа“ училиште во градот Багаха во североистоичната индиска држава Бихар, повеќе од една недела држат 800 ученици и нивните наставници надвор од тој објект.

Поради големиот страв од овие отровни влекачи и наставниците и учениците одбиваат да држат и да ги следат часовите.

Тие веруваат дека не им останува ништо друго туку да чекаат, со оглед на тоа дека кобрата претставува орнамент на Шива, боженство обожувано со голема посветеност, на чиј украс не смее да се наштети на каков било начин.

– Кобрите во училиштето се наоѓаат последните десет дена. Често влегувале во училниците и ширеа паника меѓу децата. Сега и наставниците и учениците одбиваат да претстојуваат во училиштето, па принудени сме да го напуштиме, рече директорот на училиштето Омпракаш.

Во училиштето, според проценката на персоналот, се наоѓаат осум смртоносни кобри кои се „шетаат“ по просторијата. До сега никој не е каснат.

Наставниците признаваат дека не размислуваат да повикаат експерти за диви животни или ловци на рептили. Кобрите, се штитенички на Богот Шива, па никој од нив не е подготвен да се соочи со гневот на боговите.

– Ние се надеваме дека кобрите сами ќе си одат за некоја недела и дека ќе можеме да продолжиме со работа, рече директорот на училиштето.