Психолозите веруваат дека е можно да се оценат различни подрачја од потсвеста, како што се стравови, соништа и главните особини на личноста во целост.
Дизајнираните техники на личноста, особено може да анализираат како некој реагира на одредени ситуации низ цртеж. Затоа ние ве повикуваме да откриете што вашиот цртеж зборува за вас. Ќе морате да нацртате личност на дожд. Тестот ќе го открие вашиот став кон толеранцијата, притисокот и фрустрацијата, вашите одбранбени механизми и нивото на анксиозност.
За намените на ова испитување, треба да нацртате човек на дожд и да измислите приказна. Главната цел е да добиете информации за вашата личност низ сликата на човек што е во одредена незгодна околност. Епа ајде, земете молив и хартија и препуштете се на вашата креативност. И кога ќе завршите, продолжете со читање.
Па, што ќе се анализира на вашиот цртеж?
Ориентација на цртежот
На десната страна: Ако личноста на вашиот цртеж се наоѓа на десната страна, тоа ја покажува вашата желба да растете професионално и вашата доверба во она што ќе се случи во иднина.
На левата страна: Ако личноста се наоѓа на левата страна на цртежот, тоа го покажува вашиот песимистичен став и дека нешто од минатото ве спречува да бидете среќни во иднина.
Во средина: Ако вашата личност го зазема средниот дел до цртежот, тоа значи дека сте натпреварувачки тип.
Чадор
Без чадор: Тоа укажува дека вие немате заштитни механизми и ресурси за борба во тешките животни ситуации.
Голем чадор кој ја прекрива целата личност: Значи дека сте многу одбранбен тип на личност, на која секогаш ѝ треба заштита, а преферира изолација.
Рачен чадор: Постојано ви треба поддршка и однапред подготвен акциски план, дури и ако знаете дека нема да ви биде потребен.
Продолжува на страна 2



















