На горештини навистина е тешко да се работи, па сите колективно не фаќа мрза.
Луѓето се помрзливи во лето отколку во другите делови од годината, тоа сите го знаеме, а научниците се обиделе да дојдат до јасен и недвосмислен одговор зошто ова се случува.
За почеток, кога се лоши временските услови, никој не сака да излегува надвор од дома, а кога веќе сме заглавени во домот или канцеларијата, тогаш можеме да направиме нешто за да не нѝ е досадно. Од друга страна, во летниот период има најмногу убаво време кое едноставно нѐ мами да излеземе надвор.
Дури и Јапонците, по моделот на сите workaholics-и, се поефикасни кога временските услови се лоши, а истражувањето спроведено пред неколку години во САД покажало дека луѓето просечно поминуваат 30 минути подолго на работа ако се лоши временските услови.
Но не е сѐ во времето, нешто е и во нивните глави, бидејќи горенаведените Јапонци во истражувањето признале дека веќе и размислувањето за задоволството кое би го доживеале со прошетката по убавото време ја намалува концентрацијата и ефикасноста.
Токму од овие причини, убавото време и предизвикува грешки во размислувањето и донесувањето одлуки, бидејќи нашиот мозок се обидува да нѐ убеди да излеземе надвор.
Топлото летното време го намалува вниманието и нивото на енергија, ја зголемува поспаноста и ја намалува критичноста, што е докажано со разни експерименти во кои што студентите редовно правеле грешки по таквото време.
Сѐ на сѐ, природно е во летни временску ислови да сакаме да работиме помалку, па не дозволете да ве гризе совеста туку вината префрлете ја на убавото време.



















