Прво пролетување покрај црвената планета

1591

Меѓупланетарна сонда Маринер 4 испрати први фотографии од Марс до Земјата.

На 15 јули 1965. Американската меѓупланетарна сонда “Маринер 4” прелета покрај планетата Марс на растојание од 9846 км. Тоа се случи за прв пат во историјата, едно свемирско леталото да прелета покрај оваа планета. Исто така, тоа беше прв пат некоја друга планета да е снимена од близу.

По тој повод,  сондата направи 21 снимка и сите беа емитувани на Земјата. Така за прв пат видовме како всушност изгледа површината на Марс. Прв пат видовме ударни кратери на Марс. Сликите опфатиле само еден процент од вкупната површина на Марс. Дознавме дека површината на Марс е една многу сува пустина.

Сондата “Маринер 4” беше лансирана на 28 ноември 1964 година со помош на ракета-носач “Atlas-Agena D” со маса од 260 кг и поседувала параболична антена со дијаметар од 117 см. Четирите соларни панели произведувале 170 вати електрична енергија. Ова патување од Земјата до Марс траело седум и пол месеци.

По пролетувањето покрај Марс сондата уште долго време испраќала радио сигнали. На 7 декември 1967. се намалиле залихите на гас, кои служеле за одржување на позицијата на сондата во просторот и и дозволувале на антената да биде насочена кон Земјата. Заради малите удари од микрометеоридите сондата полека ја промени позицијата и на 21 декември 1967. прекината е комуникација со неа.