Поучна приказна | Момчето кое се срамело од мајчината лузна

2291

Објавено May 30, 2016. Прочитано 22158

Малото момче кое одеше во прво одделение ја викнал својата мајка на неговиот прв родителски состанок. Заради неговото големо жалење таа кажала дека ќе дојде. За прв пат неговите пријатели и наставникот ќе ја видат неговата мајка.

Се чувствувал многу лошо поради нејзиниот иглед. Иако станува збор за убава жена, таа имала голема лузна што ја покрива релиси целата десна страна од нејзиното лицето.

Момчто никогаш не сакало да зборува за тоа како и кога ја добила таа лузна. На родителските состаноци, без оглед на луззната, сите биле воодушевени од нејзината добрина и природна убавина, но на момчето сѐ уште му било срам, па се криел од сите. Во еден момент кога бил поблиску до нековата мајка и учителката, го чул нивниот разговор.

-Од каде ви е лузната на лицето? – праша учителката, а мајката на тоа одговори: “Кога син ми беше мал избувна пожар во собата кај што спиеше. Сите се плашеа да влезат, затоа што огнот избега од контрола, па јас влегов внатре. Додека трчав кон креветчето, видов како гредата паѓа, па со своето тело го заштитив детето да не падне врз него. Се онесвестив, но набргу, за среќа, дојде еден пожарникар и нѐ спаси двајцата.

Таа ја допре изгорената страна на лицето и кажа: “Лузната ќе остане, но до ден денеска не зажалив за она што го сторив.“

Во тој момент детето се солзи во очите потрча кон својата мајка. Ја прегрна силно сфаќајќи каква жртва сторила неговата мајка за него.

Така го помина остатокот од денот, цврсто држејќи ја за рака.

Споделете со вашите пријатели!