МАЈКА – Гина Попова (15.11.1934 – 30.07.1986)

11806

Што си постар сѐ повеќе и повеќе сфаќаш дека единствен пријател била твојата мајка.

Да ги слушав твоите зборови мајко,

можеби ќе бев некаде на сигурно место.

Да ги видев твоите солзи мајко,

срцето ќе ми се откорнеше.

Да ги видев очите твои мајко,

никаде не би заминал.

Да ги видев твоите подадени раце мајко,

никогаш не би се оттргнал од твојата прегратка.

Многу нешта останаа недовршени, недоречени …

Но, затоа сега насекаде си околу мене,

иако не те гледам, те чувствувам.

Жалам за многу работи мајко!

Највеќе што не ја запозна имењачката твоја, но затоа таа многу знае за тебе.