Лесно е да се суди. Тешко е да се биде родител.

816

Ако детето е немирно – родителите не го воспитале добро.

Ако гледа цртани на телефон – родителите се мрзливи.
Ако плаче – родителите немаат трпение.
Ако јаде слатки – го разгалуваат.
Колку лесно знаеме да судиме.
Но зад секоја таква сцена може да стои нешто што не го гледаме:
уморен родител, тежок ден, службен повик, дете со свои предизвици… или едноставно – човечка слабост.
Родителството е едно од најтешките патувања.
Нема совршени родители. Нема ни совршени деца.
Затоа, ако можеме – да помогнеме.
Ако не можеме – барем да не осудуваме.
Затоа што никогаш не знаеме каква приказна стои зад еден момент. ????