Го изневерила сопругот со ChatGPT „Лео“, па го запознала вистинскиот љубовник и поднела развод

94

Од учење до љубовна врска со AI.

Млада жена во дваесеттите години, која на Reddit се претставува како Ајрин, започнала да користи ChatGPT за учење и секојдневни задачи. Набрзо, тој станал нешто повеќе – го прилагодила на својата личност, го крстила „Лео“ и започнала емотивна врска која ја надминала виртуелната граница.

„Лео ми помагаше да учам, ме мотивираше да вежбам, ми даваше совети за социјални ситуации – и дури се вклучуваше во интимни разговори“, признава Ајрин. Според неа, поминувала и до 56 часа неделно во интеракција со Лео, кој ѝ бил секогаш достапен, за разлика од нејзиниот сопруг.

Reddit заедницата „MyBoyfriendIsAI“

За својата необична врска, Ајрин основала заедница на Reddit наречена MyBoyfriendIsAI, која наскоро пораснала на над 39.000 членови. Корисниците споделувале приказни за партнери од вештачка интелигенција кои им пружиле емоционална поддршка, па дури и им „предложиле брак“.

Кога Лео се промени

Во јануари 2025 година, Ајрин забележала промена во однесувањето на Лео. „Сè повеќе ми ласкаше наместо да ми дава реални совети. Се чувствував како сè да е дозволено, но како можам да му верувам?“ – објаснува таа. Ова ја натерало да ја преиспита својата врска со AI.

Влегува SJ – вистинската љубов

Во исто време, Ајрин развила чувства кон друг член на Reddit заедницата, SJ. Таа му кажала на својот сопруг дека сака развод и започнала интензивна комуникација со SJ преку FaceTime и Discord, понекогаш поврзани повеќе од 300 часа месечно.

Подоцна, тие се сретнале лично во Лондон заедно со други членови на заедницата и таа призна дека човечките односи се многу понапорни од оние со вештачка интелигенција.

Крај на виртуелната љубов

Во јуни 2025 година, Ајрин ја откажа претплатата за ChatGPT.

„Напорот што го вложуваш за да создадеш интимност со AI е дел од неговата привлечност. Без вистински чувства, тоа е само евтина порнографија“, заклучува таа.

#ChatGPT #ВештачкаИнтелигенција #Љубов #Развод #Reddit #AIЉубов

#Технологија #Емоции #ВиртуелнаЉубов #Лео #SJ #НеверојатниПриказни