Проблемот е што од 2020 година, кога научниците ги забележаа отстапувањата, имало неколку дена кога денот бил пократок од вообичаените 24 часа.
Сите знаат за најдолгиот ден и најкратката ноќ во годината. Тоа е 21 јуни, кога позицијата на Земјата во однос на Сонцето го носи најдолгиот ден (на северната хемисфера) и најкратката ноќ. Но, дали знаевте дека наскоро би можеле да доживееме најкратка должина на ден во историјата?
Астрофизичарот од Универзитетот во Лондон, Graham Jones, предупреди дека ротацијата на Земјата би можела значително да се забрза ова лето и дека забрзувањето би можело да се случи оваа недела. Точниот датум на забрзувањето сè уште не е познат, но Jones истакнува дека тоа би можело да се случи на 9 јули, 22 јули или 5 август. Во зависност од тоа кога ќе се случи забрзувањето, денот би можел да се скрати за 1,30, 1,38 или дури 1,51 милисекунди.
Да, кога зборуваме за милисекунди, тоа не звучи многу, но научници како Jones предупредуваат дека дури и тоа мало отстапување може да предизвика проблеми во сателитските системи и точноста на GPS локациите.
Проблемот е што никој од научниците не знае зошто се случува ова. Уште во 2020 година, научниците забележаа дека Земјата има периоди кога се врти побрзо околу својата оска. Имено, на Земјата обично ѝ требаат 24 часа, или 86.400 секунди за да се заврти околу својата оска (сончев ден). Повремено се јавува забрзување, за кое научниците ги „обвинуваат“ природните сили како што се земјотресите и океанските струи, но и настаните во стопеното јадро на Земјата.
Затоа што Земјата, иако изгледа така, всушност не е цврста. Нејзиното јадро е направено од топол течен метал кој се движи внатре. Промените во нејзиното движење можат да го променат обликот и рамнотежата на планетата. Океанските струи, силните ветрови во атмосферата, земјотресите исто така ја движат планетарната маса и влијаат на брзината на нејзината ротација.
Проблемот е што од 2020 година, кога научниците ги забележаа отстапувањата, имало неколку дена кога денот бил пократок од вообичаените 24 часа.
Така, на 5 јули 2024 година, е забележан најкраткиот ден досега, кога Земјата ротирала побрзо, па денот бил пократок за 1,66 милисекунди.
Jones изјави за Daily Mail дека ако Земјата продолжи да се врти брзо, експертите ќе мора да го направат она што никој не можел да го замисли претходно – да отстранат секунда од пресметката (инаку се нарекува негативна престапна секунда).
Патем, Земјата не секогаш ротирала со темпо од 24 часа. Пред милијарди години, кога Земјата сè уште се формирала, гравитационата сила на Месечината имала такво влијание врз нејзината ротација што еден ден, веруваат научниците, траел само неколку часа.
Извор: Daily Mail



















