Рибар фатил „вонземска глава“ ! „Ова суштество изгледа како да е од друга планета“

1300

Рускиот рибар Роман Фједорцов, познат по своите необични улови од длабоко море, повторно ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи.

Овој пат, од северниот дел на Тихиот Океан, тој извади суштество чиј изглед наликува на нешто од научна фантастика – риба со големо, заоблено тело налик на мозок, ситни очи и широко отворена уста.

Фједорцов го идентификувал уловот како видот Aptocyclus ventricosus. Оваа длабокоморска риба може да порасне и до 44 см во должина, а често изгледа необично поради промената на притисокот кога ќе се извади на површината, што доведува до нејзиниот отечен изглед.

Видеото од уловот, кое го сподели со своите 600.000 следбеници, брзо стана вирално, собра над 200.000 прегледи и предизвика бројни реакции. Некои коментатори напишаа:

„Да, вонземјаните се вистински“, додека други им дадоа прекари на рибите како „Megamind“, според ликот од анимираниот филм или „The Dark Lord“, мислејќи на негативецот од Harry Potter.

Фасцинантни фотографии

Фједорцов не е почетник во откривањето чудни морски суштества. Неговите претходни улови вклучуваат риба која наликува на лик од Dr. Seuss, суштество со органи кои штрчат од устата и риба „змеј“ со жолти очи, која е идентификувана како кимера или „ајкула дух“.

Меѓу неговите улови била и ретка „гоблинска ајкула“ (Mitsukurina owstoni), вид кој се смета за жив фосил. Неговите најави станаа сензација, а многумина се прашуваат што следно ќе извлече од длабочините.

Иако неговите следбеници често му велат дека рибите што ги наоѓа се „грди“ или „страшни“, Фједорцов не се согласува со таквите тврдења.

„Секое од овие суштества е убаво на свој начин“, рекол рибарот и продолжил да споделува фасцинантни фотографии од непознати жители на океаните.