Едно од ретките места каде САД и Русија соработуваат | Астронаути и космонаут на ISS | Видео

717

Четворицата новопристигнати астронаути биле пречекани на нивната дестинација од сегашната седумчлена екипа на станицата.

Тројца американски астронаути и руски космонаут пристигнале во вторникот на Меѓународната вселенска станица (МВС/ISS).

Двостепена ракета Falcon 9 која носи автономно управувана капсула Crew Dragon наречена Endeavor, лансирана од вселенскиот центар Kennedy на NASA во Cape Canaveral на брегот на Атлантикот, Флорида.

Четворицата новопристигнати астронаути биле пречекани на нивната дестинација од сегашниот седумчлен екипаж на станицата, објави американската вселенска агенција NASA.

Тие требаше да пристигнат на ISS во саботата, но полетувањето било одложено поради силниот ветер.

За време на нивниот шестмесечен престој на ISS, тие планираат да спроведат повеќе медицински експерименти. Екипажот ќе остане на вселенската станица до крајот на август и ќе изврши околу 250 експерименти во микрогравитациската средина на орбиталната платформа.

Ветеранот на NASA, д-р Michael Barratt е на ISS по трет пат, а Matthew Dominick, пилот на американската морнарица, Jeanette Epps, воздухопловна инженерка и поранешен технички разузнавач на CIA, и космонаутот Александар Гребјонкин, поранешен инженер за воени авиони, се на ISS за прв пат.

Меѓународната вселенска станица е едно од ретките места каде што САД и Русија сè уште соработуваат и покрај руската агресија врз Украина.

За станицата се грижат вселенските агенции на САД, Русија, Канада, Европа и Јапонија.