Научниците откриле супернова која експлодирала толку силно што го лансирала своето јадро низ целата галаксија | Видео

1041

Најновото откритие на астрономите фрла нова светлина врз насилната природа на смртта на масивните ѕвезди.

Астрономите кои ги проучуваат црните дупки случајно откриле редок феномен: мртва ѕвезда која брза да се оддалечи од својата супернова, оставајќи зад себе трага која наликува на трага на комета.

Ѕвездата за која станува збор, позната како PSR J1914+1054g, е само четврта од ваков вид што е забележана заедно со поврзаната издолжена маглина и остаток од супернова. Маглината е наречена Mini Mouse од тим научници предводени од астрофизичарката Sara Elisa Mott.

Нивното откритие фрла светлина врз насилната природа на смртта на масивна ѕвезда и дава вредни сознанија за пулсарите, суперновите, меѓуѕвездениот медиум и ударите од космичките ветерови.

Го набљудувале целиот ѕвезден систем, пронашле „глувче“

Научниците дошле до извонредно откритие додека го користеле радио телескопот MeerKAT во Јужна Африка за да го истражат бинарниот ѕвезден систем наречен GRS 1915+105. Набљудувајќи го, забележале необична светлосна лента слична на пулсарска маглина, која била многу слична на онаа откриена во 1987 година и која го добила името Mouse.

Понатамошната анализа на податоците од тековното истражување на FAST Galactic Plane Pulsar Snapshot (GPPS) довело до идентификација на новооткриениот пулсар, наречен J1914, кој се наоѓа на предната страна на оваа случајно откриена светлосна лента. Последователните набљудувања потврдиле дека J1914 лежи токму на врвот на таа патека.

Анализата на податоците од радиото MeerKAT, исто така, откри слаба кружна форма лоцирана зад пулсарот и неговата опашка, чија траекторија беше проследена до центарот. Астрономите утврдиле дека оваа кружна форма ги претставува остатоците од суперновата од која е создаден J1914. Должината на опашката зад тој пулсар е приближно 40 светлосни години, додека радиусот на остаток од супернова е околу 43 светлосни години.

Досега се откриени само три слични настани

Раѓањето на пулсарот J1914, а со тоа и настанот на супернова, се случил пред приближно 82.000 години. Следејќи ја патеката назад кон центарот на маглината, научниците пресметале дека брзината на пулсарот J1914 е помеѓу 320 и 360 километри во секунда.

Иако не е најбрзата избегана ѕвезда досега, и иако нејзината брзина не е доволна за да избега од Млечниот Пат, брзината на J1914 останува импресивна. Освен тоа, научниците истакнуваат дека до денес се идентификувани само три пулсари со слични карактеристики.

Новото откритие, кое чека објавување во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society и моментално се наоѓа на складиштето arXiv, не само што го продлабочува нашето разбирање за пулсарите, суперновите и меѓуѕвездените феномени, туку го истакнува и потенцијалот на телескопот MeerKAT да открие ретки небесни објекти.

Со откривање структури слични на Mouse и Mini Mouse, MeerKAT ќе помогне да се откријат нови радио пулсари кои ќе додадат на сè уште малата популација на такви објекти, за кои се предвидува дека ќе има илјадници членови во нашата галаксија, пишуваат авторите на студијата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.