Германец земал ВИЈАГРА и ЕКСТАЗИ, 24 часа имал БРУТАЛЕН СЕКС со сопругата – ТОЈ Е НА УМИРАЊЕ, А НЕА НЕ И Е НИШТО! Лекарите размислуваат да му го отсечат пенисот

2469

Неименуван 50-годишен германски државјанин е во тешка состојба во болница во Италија, откако земал екстази и „вијагра“ на одмор и имал секс со сопругата дури 24 часа.

Германецот паднал во септичен шок, а лекарите ја разгледуваат опцијата да му го ампутираат пенисот за да му го спасат животот.

Според локалните медиуми, германскиот турист престојувал со сопругата во стан во Кастел дел Пјано, во Тоскана, каде на 10 мај решил да има маратонски секс со сопругата.

Му се слошило

Испил едно апче „вијагра“ и непознат број таблети екстази, па почнал да има секс со сопругата. Сепак, по 24 часа див секс, на Германецот му се слошило на 11 мај. Неговата сопруга веднаш повикала брза помош, а кога дошле лекарите констатирале дека мажот има септичен шок и веднаш го пренеле во болницата „Мисерикордија“ во Гросето. Сопругата му кажала на медицинскиот персонал што се случило, а на Германецот веднаш му била укажана помош. Италијанските медиуми јавуваат дека тој е во тешка состојба.

– Пациентот има септичен шок предизвикан од сепса. Последиците од ова се слабеење на органите и на крајот смрт. Правиме се што можеме да го спасиме – велат од болницата „Мисерикордија“.

Лекарите не сакаат да даваат прогнози за можното закрепнување на германскиот турист, но нагласија дека размислуваат за ампутирање на неговиот пенис.

– Пациентот има клеточна некроза на пенисот и анусот поради септичен шок. Ако сечењето на пенисот е единствената опција да му го спасиме животот, ќе го направиме тоа – изјавиле лекарите.

Тие прават се што можат

Тие додадоа дека ќе се обидат со се што е можно за да го спасат половиот орган на пациентот, но дека многу зависи од тоа како тој ќе одговори на терапијата.

– Засега чекаме да видиме дали неговата состојба ќе се подобри. Ако тоа не се случи наскоро, ќе мораме да му го извадиме пенисот и другото мртво ткиво – изјавиле лекарите.

По грешка му го отсекле пенисот

Медиумите јавуваат дека во Италија уролог-хирург (35) е под истрага откако по грешка го отсекол пенисот на пациент (68). Докторот погрешно му поставил дијагноза на тумор, а дури по операцијата се покажало дека воопшто нема малигни клетки.

Сега пациентот го тужи хирургот и бара отштета од 400.000 евра.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.