Необичен „гостин“ завршил во соба на американско семејство | „Го допрев тоа, беше топло“

1483

Предмет тежок 1,8 килограми, за кој се шпекулира дека е метеорит, завршил во домот на едно семејство од New Jersey.

Оваа можност ќе ја потврди или елиминира астрофизичарот со кој семејството има намера да се сретне.

Семејство кое живее во центарот на New Jersey, САД, откри чуден и непоканет „гостин“ во аголот на нивната куќа, за кој се верува дека паднал таму од вселената.

Метален предмет, за кој се верува дека е метеорит, искинал дупка на покривот на дом во центарот на New Jersey, удрил во дрвениот под и се одскокнал по спалната соба. Семејството кое живее во таа куќа открило црн камен со големина на компир во аголот на собата, додека се уште бил топол.

За среќа во целата приказна нема повредени и нема сериозни оштетувања на куќата, извести локалната полиција. Предметот бил со големина од околу 10 х 15 сантиметри и тежок околу 1,8 килограми, додава полицијата.

Семејството во чиј дом завршил „жешкиот компир“ планира да се сретне со астрофизичар кој дополнително ќе го испита необичниот објект. Suzy Kop, чие семејство живее во куќата, за медиумите изјавила дека во понеделникот мислеле дека некој фрлил камен во спалната соба на горниот кат, но набргу сфатиле дека не е тоа.

Го допрев, затоа што мислев дека е случаен камен, не знам, а беше топол, изјави Kop за локална ТВ станица.

Kop додаде дека службениците за заштита од опасност дошле во нивниот дом за да ја проверат куќата и нејзиното семејство во случај да биле изложени на некој вид радиоактивен материјал, но сите проверки биле негативни.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.