Неколку намирници за квалитетен сон

806

Храната како цреши, киви, брокула и многу други може да го подобри квалитетот на сонот.

Спиењето директно влијае на хормоните во вашето тело кои придонесуваат за раст и развој, но и за губење на мускулната маса.

Недостатокот на сон, исто така, има значително влијание врз друга група на хормони, катаболичките хормони како што е кортизолот (хормон кој се ослободува како одговор на стресот).

Како што споменавме, недостатокот на сон сериозно влијае на хормоналниот статус на нашето тело, кој вклучува хормони кои го регулираат апетитот, грелин – кој влијае на чувството на глад и лептин – кој влијае на чувството на ситост.

Доколку не спиеме доволно, во организмот доаѓа до нерамнотежа на овие хормони и може да дојде до неухранетост, дебелина и сл.

Нутриционист открива кои намирници треба да ги вклучите во исхраната за да го подобрите квалитетот на сонот:

  • Цреши
  • Киви
  • Домати
  • Масна риба
  • Ф’стаци
  • Брокула
  • Остриги
  • Оревче
  • Банани
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.