НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ ВО ЕДНО ХОЛАНДСКО СЕЛО ?! Пронајдено закопано богатство вредно 15 милиони фунти ? Видео

1472

Властите во холандското село Омерен, кое стана центар на потрагата по богатство закопано од нацистите за време на Втората светска војна, денеска соопштија дека потрагата е завршена и дека ништо не е пронајдено.

Според извештаите, нацистичкото богатство навистина било закопано во тоа село, но било отстрането по завршувањето на војната, пишува „Гардијан“. „Заклучивме дека во Омерен го нема нацистичкото богатство.

  • Претпоставуваме дека тоа некогаш било закопано во Омерен, но дека во одреден момент било отстрането“, изјави Брижит ван Акен-Квинт, портпаролка на блискиот град Бурен.

Во јануари, холандскиот национален архив откри рачно нацртана мапа означена со црвено „Х“ за кое се верува дека го означува местото каде германските војници го криеле својот плен, што предизвика напад на ловците на богатство.

Во документот, кој беше пронајден заедно со мапата, се наведува сведоштвото дека нацистите закопале четири кутии полни со накит, скапоцени камења и злато, за кои се верува дека вредат околу 15 милиони фунти.

Богатството наводно било ограбено од нацистите по бомбардирањето на банка во Арнем во 1944 година.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.