НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ ЗА МАРС ! Она што е открие но е многу слично на Месечината

925

Сеизмичките бранови кои минуваат низ јадрото на планетата Марс им овозможиле на истражувачите да ги измерат физичките својства на центарот на планетата и откриле дека јадрото на „црвената планета“ е приближно со големина на Земјината месечина и е речиси двојно погусто.

Научниците во понеделникот објавиле дека овие резултати се базирани на првите регистрирани земјотреси на Марс и влијанието на метеоритите на планетата, објави Science News.

– Никој досега не видел сеизмички бран кој минува низ јадрото (на Марс) – изјави сеизмологот Џесика Ирвинг од Универзитетот во Бристол во Англија. Ирвинг истакна дека научниците чекале повеќе од 900 дена за земјотрес на спротивната страна, а потоа 24 дена подоцна удрил метеорит.

Двата настани боле снимени со лендерот InSight на NASA, кој ја следел сеизмичката активност на Марс четири години, до декември 2022 година. Во текот на 1.480 дена, лендерот забележал повеќе од 1.000 земјотреси на Марс и неколку удари на метеорити и само два земјотреси на далечната страна на планетата.

Врз основа на овие потреси и удари, Ирвинг и нејзините колеги откриле дека јадрото на Марс има радиус од 1.780 до 1.810 километри, со густина од околу 6.200 килограми на кубен метар.

Тој радиус е нешто помал од претходно проценетиот и околу половина од комбинираните слоеви на јадрото на Земјата. Јадрата на двете планети сочинуваат околу половина од нивната вкупна дебелина.

Истражувачите заклучиле дека јадрото на Марс е главно составено од течна легура на железо, при што сулфурот сочинува околу 15 проценти од неговата маса, додека водородот, кислородот и јаглеродот заедно сочинуваат околу пет проценти. Овие наоди се приближно конзистентни со некои претходни анализи на составот на марсовските метеорити.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.