УШТЕ ПЛАЧЕ …
Не ми е удобно
Без разлика дали го надразнуваат пелените, има премногу тесна облека или можеби му е премногу топло или ладно, соблечете го, проверете ја причината и прсоблечете го.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Премногу настани
Ако го менува расположението од среќно гугање до вознемирувачко плачење, можно е дека станува се понесреќно заради премногу внимание односно, затоа што е вознемирено. Силно светло, музика, бучава и луѓето можат да го иритираат и фрустрираат бебето. Однесете го во затемнета просторија и видете дали се смирува.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Сакам прегратка
Ако вашето бебе е сито, чисто и задоволено, но почнува да плаче тивко и тоа плачење е придружено со подавање раце, веројатно плаче само за да го земете во прегратка. Сите ние имаме лоши денови кога едноставно сакаме да се чувствуваме сакани и потребни. Земете го во прегратка.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Не се чувствувам сосема добро
Ако бебето плаче болно и инстинктот ви кажува дека нешто не е во ред, бебето може да биде болно. Измерете му ја температурата, треска е сѐ над 37,5°C. Причината може да биде инфекција со вообичаена детска болест – сипаници, треска, раст на забите или вакцинација.
Дадете му на бебето парацетамол за да се намали температурата и течности за да се спречи дехидрација. Побарајте медицинска помош ако температурата е над 38°C кај бебињата до три месеци или ако таа е повисока од 39°C ако е постаро од три месеци. Побарајте медицинска помош ако се појавуваат други симптоми, како што се необичната поспаност, одбивање на храна повеќе од осум часа или појава на осип.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Има стомачни грчеви
Плачот е неутешен и трае неколку часа, при што вашето бебе можеби ги подигнува нозете и испушта гасови. Ако е така, тогаш тоа се веројатно стомачни грчеви кои предизвикуваат засилено плачење кај инаку здравите бебиња.
Обидете се со капки против стомачните грчеви, благ раствор на сода бикарбона или со капките на ензимот лактоза, кои ќе ја олеснат работата на стомакот на бебето. Стомачните грчеви обично исчезнуваат сами од себе во 12 и 16 недела, па дури иако вашето бебе се чини несреќно, тие немаат долгорочни последици .
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















