7 намирници кои ќе ве заштитат од настинка

976

Секојдневно сме презаситени со разни обврски, затоа едноставно немаме време да бидеме болни.

Бидејќи студените денови доаѓаат со есента, многу е важно да се заштитиме и да го зајакнеме имунитетот, за да не преболиме од разни настинки и вируси.

Секако, најдобриот начин да го направите ова е преку храната, затоа обидете се да ги вклучите овие 7 намирници во вашата исхрана и здрави да ја поминете сезоната на вируси.

Лук

Освен што им дава посебен вкус на вашите јадења, лукот содржи алицин кој, кога се распаѓа, произведува антиоксиданти. Тие ќе го заштитат вашиот имунолошки систем со спречување на оштетување на вашите клетки.

Јогурт

Јогуртот содржи различни култури кои се алтернатива на пробиотиците и се грижат за вашиот дигестивен систем. Ова е важно така што целата храна што ја консумирате е целосно сварена.

Чај

Постојат мноштво здравствени придобивки поврзани со конзумирање чај. На пример, чајот содржи многу важни антиоксиданти кои помагаат во зајакнување на имунитетот.

Темно чоколадо

Антиоксидансите во црното чоколадо можат да обезбедат дополнителна заштита на вашиот имунолошки систем. Чоколадите кои содржат повеќе какао се подобар избор бидејќи содржат и повеќе антиоксиданти, како и помалку шеќер.

Црвена пиперка

Малку е познато за фактот дека црвената пиперка содржи дури и двојно повеќе витамин Ц од агрумите. Значи, дефинитивно е добра идеја да престанете да земате додатоци во исхраната кои содржат витамин Ц и наместо тоа нафрлете се на пиперки.

Ореви

Јаткастите плодови содржат многу големи количини на витамин Е, кој делува како антиоксиданс и има антиинфламаторни својства, а истовремено го зајакнува имунитетот.

Лосос

Лососот е познат извор на омега-3 масни киселини, кои дефинитивно го сакате повеќе во вашата исхрана. Тие не само што го намалуваат ризикот од срцеви и други хронични заболувања, туку ги ублажуваат воспалителните реакции и му помагаат на имунитетот.

Бонус: Вода

Во никој случај не заборавајте да пиете доволно течности и добро е да знаете дека водата е многу важно оружје во борбата против болестите. Вашиот нос, белите дробови, устата и другите делови од телото мора да останат хидрирани за да ве заштитат од разни микроби и бактерии.