Астероидот Бену носи вода и траги од органски материјал и може да всее живот во вселената, откриен е за време на мисијата на НАСА „Озирис Рекс“.
„Органски материјал базиран на јаглерод е расфрлан над површината на Бену“, рече Ејми Симон од НАСА.
Ова значи дека овој органски материјал може да се најде дури и кога примероците земени од астероидите ќе слетаат на Земјата, пишува РТ.
Научниците од НАСА претпоставуваат дека примероците од Бену можат да носат материја што досега не е забележана на ниту еден метеорит и дека органскиот материјал што се наоѓа на него може да укаже на примитивна биологија во универзумот.
Кога примероците ќе стигнат до Земјата, научниците планираат да ги проучат за да најдат одговори за потеклото на водата и органската материја на Бену.
Присуството на јаглеродни минерали во астероидот сугерира на постоење на широк хидротермален систем, кој содржи и вода и јаглерод диоксид, како во Бену, така и во астероидот од кој е формиран.
НАСА направи и 3Д-модел на теренот на Бену, во облик на дијамант кој лебди во вселената“.
Ова му овозможи на леталото во мисијата Озирис Рекс да забележи низа гребени низ Бену, со детален поглед на испакнатоста во нејзината средина, откривајќи детали за составот на астероидот и неговото турбулентно минато.
Научниците сега веруваат дека погустиот состав е поблизу до површината, а повеќе е порозен во центарот, што може да ги објасни повремените ерупции на материјалот.
Предвидено е Озирис Рекс да полета од Бену во 2021 година и да донесе примероци на Земјата до септември 2023 година. Вселенското летало пристигнало во орбитата на астероидот пред две години.



















