Во Русија откриен нов вид на диносаурус

200

Во Русија е откриен нов вид на морски диносаурус со пет прста на шепите, кој живеел пред 65 милиони години на територијата на Оренбургската област.

Проучувањето на пронајдените релативно цели фрагменти на скелетот на досега непознатиот диносаурус од родот “поликотилус”, доведе до дефинирање на нов вид – Polycotylus sopozcovi.

Претходно опишаните слични видови на диносауруси во Америка имаа само четири прсти на шепите. Од пронајдените фрагменти од черепот, забите, плешка и карличната зона, предните и задните екстремитети, научниците ја одредија должината на диносаурусот од 4-7 метри.

Тој бил со голема глава и голем врат. Новиот вид плезиозавир го доби називот од името на главниот автор на откритието – Галина Сопоцко.