Во Јапонија се посвојуваат способни бизнисмени за да ги наследат семејните бизниси

1892

САД и Јапонија имаат најголема стапка на посвојување, но со една голема разлика – додека повеќето Американци посвојуваат мали деца, во Јапонија посвоените деца претставуваат 2 отсто од сите посвојувања, а 98 отсто отпаѓаат на мажите во 20-тите и 30-тите години.

Причината е доста интересна. Имено, смислата за бизнис и вештините не се баш секогаш наследни, а како резултат на тоа, повеќето семејни бизниси пропаѓаат после смртта на нивниот основач.

Праксата на посвојување способни мажи за да се спасат „генетски лошо предодредените семејства“ и да се продолжи бизнисот е најзастапена во Јапонија. Две компании кои наскоро треба да ги понесат титулите за најстари семејни компании се Хоши (основана во 781 година) и Конго Гуми (будистички храм што е основан во 578 година).

Пред Втората светска војна, градскиот кодекс на Јапонија одредил семејното богатство да мора да се пренесува по машка линија. Традицијата одредувала сѐ да преминува во рацете на најстариот син. Во семејствата во кои имало само ќерки, дошло до голема потреба од посвојување на синови што би можеле да го преземат презимето и работата. Доколку и биолошкиот син се смета за несоодветен наследник, и тој може да се замени со личност која е посвоена. Од друга страна, семејствата кои имаат „вишок“ млади синови ги дале на посвојување.

Иако овој закон веќе не мора да се применува, бизнис семејствата тешко се одрекуваат од старите навики. Намалувањето на наталитетот во оваа земја дополнително го намали бројот на машки наследници. Шефовите често бираат синови меѓу најперспективните топ менаџери.

И сопственици на познати автомобилски производители посвоиле синови кои управуваат со бизнисот. Нивните биолошки родители во таков случај на подарок добиваат пари.

Има дури и истражување кое покажало дека компаниите во кои има посвоено наследници на бизнисот почесто се поуспешни отколку оние во кои управуваат биолошките налседници.