Видот е научно снимен само еднаш досега од холандски ботаничар во 1961 година.
Научниците пронашле вид на цицач на Cyclopean Mountains во Индонезија, кој има боцки налик на еж, муцка на мравојад и стапала на крт, а последен пат е виден пред повеќе од 60 години.
Ehidna со долг клун на Attenborough, именувана по британскиот натуралист David Attenborough, била снимена со камера за прв пат на последниот ден од четиринеделната експедиција предводена од научници од Oxford University.
Откако се спуштил од планината на крајот од патувањето, биологот James Kempton на последната мемориска картичка од повеќе од 80 камери на оддалечени локации нашол снимка од малото суштество како шета низ шумските грмушки.
„Имав големо чувство на еуфорија, но и олеснување затоа што поминав толку долго на терен без награда до последниот ден“, рече тој, опишувајќи го моментот кога првпат ја видел снимката со колешката од индонезиска конзерваторска група YAPPENDA.
Ehidna го дели своето име со митско суштество од грчката митологија, кое е половина жена, половина змија.
Тимот научници ги опишуваат како плашлив ноќни жители на јами кои многу тешко можат да се најдат.
Причината поради која изгледаат толку различно од другите цицачи е тоа што се монотреми, и не несат јајца, а се одвоиле од останатите цицачи пред околу 200 милиони години, рече Kemtpon.
Видот е научно снимен само еднаш досега од холандски ботаничар во 1961 година.
Различен вид на Ehidna живее по Австралија и по низинската Нова Гвинеја.
Тимот на Kempton преживеал земјотрес, маларија, па дури и пијавица која им се залепила на очното јаболко за време на нивното патување. Тие соработувале со локалното село Yongsu Sapari во навигација и истражување на оддалечениот терен на североисточна Папуа.
Ehidna е дел од локалната култура, вклучително и традиција во која конфликтите се решаваат со испраќање на едната страна во несогласување во шумата да го бара цицачот, а другата во океанот за да го најде марлин (сабјарка), велат селските старешини.
И двете суштества се сметаат за тешко недостапни што честопати биле потребни децении или цела генерација за да се лоцираат. Кога биле пронајдени, тие го симболизирале крајот на конфликтот и враќањето на хармонични односи.