Овие намирници манекенките никогаш не ги консумираат

371

За да бидат на самиот врв, манекенките мораат да внимаваат на тоа како изгледаат, а тоа подразбира строго да внимаваат на исхраната.

Некои од нив, како Жизел Бундшен, јадат само органска храна.

„Сè започнува со тоа што јадам. Внимавам на порциите и вежбам постојано“ – вели долгогодишната манекенка Адриана Лима.

Она што е интересно за ангелите е дека тие воопшто не консумираат производи кои нутриционистите велат дека се здрави и неопходни, како пиперките и доматите.

Покрај овие зеленчуци, на листата на производи кои не се консумираат ќе ги најдете и кофеинот, шеќерот, млечните производи, печурките и храна која содржи глутен.

На многумина можеби не им делува така, но и плус сајз моделите водат сметка на секој внесен грам храна во нивниот организам.

Така, новата плус сајз сензација Искра Лоренс, не јаде модар патлиџан.

Елса Хоск вели дека поголемиот дел од нејзините оброци, посебно неколку месеци пред главното шоу кое се одржува во декември, најчесто пие многу сокови.

Омилена мешавина и е од ѓумбир, бибер, топла вода и лимон.

„Многу течности за да го прочистите целиот систем“ – вели таа.

Некои од нив пак, се послободни – не вежбаат толку многу и знаат од време да пробаат по некој хамбургер од McDonald’s.

Во основа, она што би ви го кажал секој модел е доколку сакате да изгледате совршено, важно е да јадете повеќе протеинска храна и зеленчуци.

Овој тренд не е само меѓу слабите манекенки, туку и плус сајз моделите.