Од особена важност е да се одржува хигиена на рацете, бидејќи тие постојано доаѓаат во допир со разни извори на бактерии, како пари, животни, санитарни јазли и.т.н.
КОГА ДА СЕ МИЈАТ РАЦЕТЕ
Рацете треба да се мијат често. Ова ќе ги спречи вирусите и бактертиите да се шират. Рацете мора да се измијат пред да ставате леќи на очите, пред подготвување на храна или јадење, после контакт со болни луѓе и животни, после одење во тоалет, после кашлање и слично.
ОВА Е ПРАВИЛЕН НАЧИН НА МИЕЊЕ НА РАЦЕТЕ
За правилно да ги измиете рацете, следете ги ове правила:
1.Употребувајте топла вода за да ги навлажните дланките и нанесете сапун.
2.Тријте ги рацете, дланка со дланка, во кружно движење.
3.Со десната дланка, тријте го надворешниот дел на левата дланка и меѓу прстите, и обратно.
4.Исплакнете ги рацете со вода.
5.Со пешкир, убаво исушете ги рацете.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
nmd.com.mk


















