Совети за здрави и убави детски заби

2422

Со добрите навики за заштита на здравјето на забите треба да се почне од мали нозе. Научете го детето за се што може да биде штетно за забите и зошто е важна редовната и правилна хигиена, советуваат експертите.

Донеодамна преовладуваше мислењето дека е најдобро да им забраните на децата да јадат слатки и оти тоа е најдобар начин за да се сочуваат забите.

Меѓутоа совремните истражувања ја негираат таквата теорија и според штетноста ги класифицираат слатките во различни категории. Така на пример најштетни слатки за детски заби се карамел бонбоните, гумените бонбони, полнетите чоколатца, тврдите лижавчиња и сличните производи.

Секако и други слатки, кои не се наведени, исто така имаат штетно дејство на забите, врз кои дејствуваат со своите шеќери, но тоа може да се елиминира со добро миење на забите, веднаш по кознумирањето на таа храна.

Кај слатките од прва категорија според штетноста на забите, едно миење непосредно по конзумирањето не е доволно, затоа што мошне лепливите шеќери, па и цели делови од слатките мошне тешко се отстрануваат од површината на забите.

Најдобра превенција за какви било проблеми со детските заби е хигиената и само хигиената, секако со постојан родителски надзор.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.