Луна во Девица
Вие сте човек кој сака навика, рутина и анализирање на секој детал во животот. Вие настојувате кон усовршување цел живот. Покрај тоа имате брз ум, а во исто време не сте голем традиционалист – склони сте да следите различни извори и методи. Понекогаш сте премногу пребирливи и станувате со тоа одбивни за своите блиски.
Луна во Вага
Вие сте љубител на сите убави и хармонични работи. Држите до тоа да креирате баланс околу себе и најмногу во односите со луѓето. Лошото е што понекогаш премногу настојувате да останете во добри односи со оние кои тоа не го заслужуваат. Дипломатијата е вашиот начин на комуникација.
Луна во Скорпија
Вие сте силно емоционална личност која може да страда од потреси во личните односи. Вие имате вродено шесто сетило, повеќе од обичната интуиција. Месечината во Скорпија ви дава цврста увереност за работите, но тоа е и ваше слабо место, бидејќи не можете да видите други перспективи, многу добро.
Луна во Стрелец
Вие сте вистински авантурист по душа и сакате да учите во текот на целиот свој живот.Вашата храна се најинспиративните идеи, љубопитните луѓе, новите искуства. Љубите коцкање како начин на живот и понекогаш сте премногу лекомислени на интимен план. Ако имате успех во животот со наоѓање на сродна душа, ќе се чувствувате благословени!
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 4



















