Позитивна мисла | Марија Таушанска Анастасовска

280

Парадокси – Има една стара вистина во животот, а таа гласи:

Колку повеќе се трудиш да им угодиш на луѓето, тие толку повеќе те искористуваат, навредуваат, понижуваат, не бирајќи ни начин, ни средства.

А уште ако постојано тоа го забележуваш и гледаш низ прсти, чекорејќи право, без да се завртиш, тоа многу ги нервира, ама се јадат живи. Ретко пишувам за другите, секој е преокупиран со свои грижи и како што знае и умее се справува со се што ќе се појави пред него, но понекогаш навистина ќе ме здоболат некои отровни стрелички што се фрлаат по мене.

Не, не ме погодиле во срце, зашто носам свој штит до кој не може да се допре, но жал ми е за тие мали, бедни души. Сакаат да изгледаат широкоградо, а се толку себични, суетни и лоши, што тој товар им е многу тежок, па одвреме-навреме сакаат да се ослободат од него и го расфрлаат наоколу… Уште потажно е ако се тоа луѓе чија работа е поврзана со децата, ама тука нема правила.

Едноставно, кој вели дека сите луѓе на свтетот треба да бидат добри, па кога би било така, животот навистина ќе биде могу здодевен. Затоа, само го истресувам правот од облеката и продолжувам. Сигурна сум дека , зад аголот ќе ме пречека искреност, насмевка и стисок на рака. Ако и не е зад овој , сигурно тоа ќе се случи зад другиот агол. Како и да е јас ќе продолжам да го барама човечкото во луѓето……