Новата машка контрацепција, која вклучува затоплување на тестисите со помош на магнет, звучи ветувачки

1194

Хипертермијата е доволна за привремено запирање на производството на сперма, па дури и намалување на тестисите на 30 до 60 дена.

Поради некоја причина, сѐ уште немаме употребливи машки контрацептиви, освен сигурниот кондом. Истражувачите од Универзитетот Nantong во Кина се на пат да го променат тоа, но решението не звучи многу пријатно.

Во новата студија објавена во списанието Nano Letters, пишува IFL Science, Веихуа Динг и други автори на студијата опишаа нов метод на машка контрацепција кој вклучува инјектирање на магнетни наноматеријали. Потоа со магнет се доведуваат до скротумот, каде честичките ги поттикнуваат тестисите брзо да се загреат.

Индуцираната хипертермија била доволна за привремено запирање на производство на сперма, па дури и за намалување на тестисите на 30 до 60 дена, пред да се вратат во нормала. Истражувањето досега е спроведено само на глувци.

Ветувачки метод

Иако методот звучи прилично застрашувачки, индуцираната блага хипертермија изгледа ветувачки. Дури и мало покачување на температурата може да го намали бројот на сперматозоиди кај мажите, а истражувачите се надеваат дека ќе го искористат овој ефект за да ја запрат сперматогенезата (производство на сперма). Затоа, магнетите нежно ја загреваат областа на сѐ уште умерени 58°C.

Сепак, пронаоѓањето на наночестичка која е магнетна, може да се инјектира и не е токсична, не е толку лесен потфат. Научниците се потпирале на постојните истражувања кои користеле наночестички од железен оксид, кои се разградливи во телото и кои можат да бидат водени до целта со помош на магнетни полиња. Откако пробале неколку различни варијации, откриле дека наночестичките обложени со лимонска киселина се најдобри за оваа работа.

Како е спроведено истражувањето?

Третманот траел 15 минути и вклучувал наизменично магнетно поле применето на тестисите на пет глувци за да се загреат до потребната температура. Глувците потоа биле ставени во кафез со женски глувци за да предизвикаат бременост пред да бидат жртвувани во различни временски периоди (седум, 30 и 60 дена) за анализа.

По третманот, глувците повеќе не можеле да бидат татковци седум дена. Со текот на времето, глувците полека се вратиле на нормалното ниво на плодност, па добиле околу 12 млади по бременост од 60 дена.

Се разбира, истражувањето мора внимателно да се анализира, резултатите се добиени на глувци и никогаш не е сигурно што ќе може да се пренесе на луѓето. Исто така, речиси е невозможно точно да се процени болката што ја претрпеле глувците, а тоа во минатото ги ограничувало машките контрацептиви, пишува IFL Science.