Неколку работи со кои ги плашите мажите

1476

Немате никакво хоби или интереси

Мажите сакаат жени кои имаат страсти и интереси. Тие се забавни, имаат повеќе впечатоци и искуства и можат да разговараат за повеќе теми. Жените без хоби се здодевни и не особено примамливи.

Зборувате лошо против другите жени

Ова е уште еден начин со кој ќе ја прикажете својата длабока несигурност. Саканиот ќе остане со впечаток дека го критикувате секој и сешто без добра причина. Вашата злоба и себичност ќе го исплашат.

Настојувате за брак премногу рано

Тоа е одличен развој за секоја врска, но премногу притисок за брак, може да го уплаши мажот. Почекајте го вистинското време за да си дојде се по природен пат.

Споделувате премногу

Добро е да сте фер со мажот до себе и да му верувате, но сепак не брзајте. Цврстата врска обично започнува бавно и се развива постепено, не отварајте душа уште на почетокот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.