Првата храна на бебињата е млекото и тоа не е случајно. Во различни форми овој производ е прилично важен за здравјето и изградба на телото и мускулите.
Со текот на годините се појавија контроверзни ставови за консумирањето на млеко и млечни производи, а и многу нутриционисти тврдат дека тие го спречуваат слабеењето, но белиот пијалок продолжува да биде на почит и ритуал на масата за милиони семејства и тоа не е без причина.
Еве и неколку интересни факти за млекото:
- Млекото е единствениот пијалок (освен водата), која е препорачан од диетолозите како безбеден за конзумирање помеѓу оброците. Тоа содржи калциум и други позитивни материи за забите, кои го помагаат растот и здравјето. Освен тоа е многу добро средство за хидратација, бидејќи содржи голем процент вода.
- Тинејџерите треба задолжително да консумираат млеко! Нивното тело се гради до крајот на пубертетот и малку потоа, затоа потрошувачката на млеко и млечни производи е витална за формирањето на добра коскена структура (поради присуството на калциум). Докажано е дека луѓето кои го внесуваат белиот пијалок во менито, ги апсорбираат подобро и останатите корисни состојки од храната.
- Млекото може да содржи различни стапки масленост, а првично најмногу распространета била таа од 4%. Во последните години покрај манијата за слабеење и здрава исхрана, започна и намалувањето на овие стапки, кои може да достигнат до 0,1%.
- Со времето прилично голем број тврдења докажале дека луѓето кои консумираат млеко и млечни производи, се послаби од другите. Истражувања покажуваат дека прифатено во диетален режим на исхрана, млекото може да го помогне намалувањето на тежината, особено во долниот дел на стомакот.
- Исхраната која содржи овошје, зеленчук и нискомаслени млечни производи (богати со магнезиум, калциум и калиум) помага за намалување на крвниот притисок во организмот.



















