На мрежите кружи документ од Југославија | Во времето на Тито вака се казнувале младите кои ја одбиле вакцината

199

Целата работна бригада била посрамотена поради одземањето на престижната титула „УДАРНА“ затоа што 90 млади луѓе не сакале да се вакцинираат. Тоа се случило 1947 година.

Деновиве на социјалните мрежи на интернет кружи копија од документ од 1947 година, кој денес изгледа повторно е актуелен бидејќи се однесува на вакцинација, односно отфрлање на вакцините.

Ова е одлука на Генералштабот на Младинските работни бригади за изградба на пругата Шамац-Сараево. Да потсетиме, по Втората светска војна, во поранешна Југославија започна реконструкција и изградба на инфраструктурата, при што важна улога играа младинските работни акции. Изградбата на споменатата железница била една од најпознатите.

Целата бригада посрамена

Генерално, Решението, чиј примерок кружи на Интернет, „се казнува со отстранувањето на името УДАРНА БРИГАДА на III-та Личка со образложение дека 90 млади од бригадата не сакале да се вакцинираат, со што „создавале можност за ширење на заразни болести и загрозување на здравјето на младите“.

Одлуката содржи и наредба да се прочита пред сите бригади на младинската пруга Шамац-Сараево.

Иако некои денес пишуваат дека самиот Јосип Броз Тито ги казнил тогашните „антиваксери“, тоа е одлука со која целиот колектив на споменатата бригада е посрамотен со одземањето на престижното име, додека индивидуалната казна на оние кои ја одбиле вакцинацијата не е спомната во тој документ. Исто така, одлуката не ја донел Тито, туку Генералштабот на младинските работни бригади на градилиштето на железницата.