Мастурбацијата има лош имиџ, но е полна со придобивки

1281

Позитивни резултати кај вагината

Иако многу жени веќе знаат за придобивките од вежбите на Кегел, некои не знаат дека можат да добијат слични придобивки и од мастурбацијата. Оргазмот помага на т.н. дно кое ќе стане силно и цврсто и ќе промовира целокупно сексуално здравје. Контракциите на мускулите исто така помагаат за олеснување на болките за време на менструацијата.

Ви помага да спиете подобро

Познато ти е неверојатното чувство по секс, кога сè што сакаш да направиш е да се сврти и да затвориш очите, нели? Ослободувањето на ендрофини по оргазам промовира длабок и квалитетен сон. Може да добиеш истата корист и од мастурбацијата.

Влијае добро на твоето срце

Истражувањата покажуваат дека жените кои добиваат повеќе оргазми, самостојно или со партнер, се помалку поддатливи на кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.
Мастурбацијата влијае добро како на здравјето ти, така и на самодовербата ти!

Безбедно е

Освен ако не почнеш да чувствуваш дека мастурбацијата влијае негативно на други аспекти од животот (односи со пријателите, семејството ..), тоа е најсигурниот начин да си ги задоволите сексуалните потреби без опасност од сексуално преносливи болести или бременост.

Намалување на стресот

Не е потребно да се потпреш на друг човек, за да се живее најубавото чувство, наречено оргазам! Некои студии сугерираат дека мастурбацијата дури може да помогне во спречување на стресот. Немаш расположение? Значи е идеално време да се занимаваш со … љубов!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.