
Претходно: нема спиење во доцните часови на ноќта , но немате проблем со тоа, бидејќи сепак сте спиеле до пладне!
Сега: Работевте цела недела, а саботата сте учествувале во активности, главно насочени кон вашето дете. Си легнувате многу пред полноќ и тоа е сосема нормално.
Претходно: Доаѓате дома, кога сакате, не е важно дека сонцето речиси изгрева. Сепак вие не треба да одговарате пред никого!
Сега: Имате полициски час. Сепак детето треба да се храни, искапае, успие … Па тогаш ве чека луда ноќ пред телевизорот, но мирно – сепак може да си дозволите чаша вино, за да ги направите работите малку ” -луди “.
Претходно: Цел ден имате мамурлак. За среќа, во текот на викендите немате обврски и може да си дозволите да се “лекувате” целиот ден.
Сега: Треба да се гледа детето цел ден. Што значи дека ви е забрането да пиете толку за да стигнете до мамурлак. Всушност … тоа не е толку лошо!
Претходно: Кратките дремки се задолжителни. По некое време попладне, ако не сте некаде надвор, сосема нормално е да си дремнете за кратко. Сепак дремката на каучот е толку слатка!
Сега: Дремките се задолжителни … но едноставно не за вас. Додека детето ви се насладува на мирен сон, вие го користите слободното време, за да завршите повеќе работа од листата со задолжителните нешта.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















