Филмовите за возрасни не го зголемуваат ризикот од безбеден секс
Во порното многу од актерите не користат заштитни средства и според некои тоа поттикнуваат опасен секс. Германско истражување сепак откри дека љубителите на еротските сцени не се склони да го забораваат кондомот повеќе од оние кои не паѓаат на порното.
Исто така се покажа како мит и тврдењето дека порно манијаците се силно полигамни.
Во поддршка на гледањето на филмови за возрасни истото истражување тврди дека обожавателите на порното се поголеми авантуристи под покривката и се со поголема веројатност да пробаат нови работи.
Порното не води до еректилна дисфункција
Две минатогодишни истражувања, објавени во списанието “Sexual Medicine” докажуваат дека филмовите за возрасни не доведуваат до еректилна дисфункција, ниту до губење на сензитивност во пенисот од прекумерна експлоатација.
А, сепак да не заборавиме дека луѓето се различни и сите фактори им влијаат на специфичен начин. Гледано од овој агол, гледањето на порно може и да има “несакани ефекти” врз некои индивидуи.
Една студија го прокоментира случајот на мажи кои се интровертни и тешки како карактер, бидејќи не трпат туѓо мислење и критика. Кај нив гледањето на тешко порно може да влијае врз перцепцијата и проценката кон понежниот пол и да им ги зајакне сексистичките ставови.
Филмовите за возрасни пак може да доведат стрес на луѓе кои се со премногу висок морал и силно религиозни. При судир со порно кај нив се вклучуваат механизми на самообвинение и самокритичност, кои водат до депресија, нервоза и други ментални состојби.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















