Како недоизразените емоции можат да се претворат во болест

1553

Во основата на секој симптом – телесен или психички, стои некаква недоизразена емоција, однесување кое не било автентично и спонтано. Во обид да ја голтнеме и контролираме само ја пренасочуваме и тоа се претвора во болест. Ова го изјави психологот Мадлен Алгафари.

На пример проголтаниот гнев може да се претвори во чир или дури туморски клетки, истакна таа.

Огромен дел од болестите денес се на автоагресивна почва, односно има агресијасвртена навнатре кон нас самите , посочи психологот.

Таа даде пример проблеми со кожата, косата и ноктите; невродермити; висока киселост, која заради потиснатата агресија може да доведе до чир; камења во бубрезите или жолчката; туморски клетки, автоимуни болести, проблеми со забите, висок крвен притисок, гастроинтестинални или ендокрини проблеми.

“Кога човек голта, трпи и задржува хронично незадоволство, во синџирот на биохемиските и биофизичните процеси во телото почнуваат да се акумулира промени, кои во еден момент се претвораат во симптом, потоа во синдром, и конечно во конечна дијагноза”, истакна Мадлен Алгафари.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.