Хороскопски парови кои се пасент за во кревет

1438

Иако ги поврзуваат сексуалниот нагон и страста меѓу нив, надвор од креветот некои хороскопски знаци воопшто не би функционирале како пар.

Некои хороскопски парови едноставно не можат да имаат нешто повеќе од секс за една вечер. Освен што се компатибилни во кревет, надвор од него немаат ништо заедничко.

Еве за кои парови во Зодијакот станува збор:

Овен и Лав

Овните сакаат да експериментираат со нови работи, страсните Лавови се отворени за тоа и се совршен пар, но само во кревет. Надвор од него и двата знаци се поприлично напорни и сакаат да ги контролираат партнерите.

Риби и Водолија

И двата знаци се толку слични и поради тоа никако не функционираат во љубовна врска. Но, затоа сексот им е одличен па најдобро решение за нив, ако постои меѓусебна привлечност, е сексот без обврски.

Бик и Рак

Кога овие два знаци спијат заедно, тоа не е секс туку најнежно водење љубов. Но, токму затоа што се подеднакво емотивни, љубовната врска меѓу Рак и Бик најчесто завршува по првата караница, односно по обостраното леење солзи.

Стрелец и Риби

Ова е идеален пар за секс за една вечер и ништо повеќе од тоа. Стрелците сакаат авантури, излегување и дружење, додека романтичните Риби во врската имаат други приоритети.

Скорпија и Овен

Сексот меѓу двата најексплозивни хороскопски знаци би бил супер, но нешто повеќе од тоа ветува катастрофа. Сепак, на сето ова постојат и исклучоци, затоа што понекогаш силната енергија на Овенот може да биде балансирана со смиреноста на Скорпијата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.